
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, изјави дека оваа сезона ќе биде неуспешна за клубот, дури и ако ја освои шампионската титула.
Во пресрет на последното коло во Бундес-лигата, Баерн мора да го победи Келн во сабота и да се надева дека Борусија Дортмунд како домаќин нема да го победи Мајнц доколку сака да ја освои шампионската титула.
Борусија Дортмунд е првопласирана на табелата со 70 бода, а два помалку има Баерн.
„Ова е наша вина, наша одговорност. Секако дека ќе се обидеме да останеме во игра до крајот, бидејќи имаме обврска да дадеме сѐ од себе“, изјави Тухел.
„Сепак, ова нема да биде сезона со која би биле задоволни. Ова не е сезона во која според нашите барања е освоен дозволениот број бодови, во која квалитетот на играта беше задоволителен. Без разлика како ќе заврши, ова нема да биде задоволителна сезона“, изјави Тухел.
Тој го презеде тимот во март кога беше отпуштен Џулијан Нагелсман, кога Баерн го загуби првото место на табелата по поразот од Баер Леверкузен (1-2).
Тимот под водство на Тухел беше елиминиран од Купот на Германија и од Лигата на шампионите, а Баерн и Дортмунд три пати се менуваа на врвот на табелата, пред Борусија да се искачи минатиот викенд.
Сите натпревари од последното коло во Бундес-лигата се играат в сабота од 15.30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
