На поранешниот менаџер на Челси, Томас Тухел, му се заканува депортација од Велика Британија, тврди британски „Телеграф“. Тој е невработен од 6 септември откако беше отпуштен од раководството, но продолжува да живее блиску до базата на лондонскиот клуб, со оглед дека неговите ќерки одат на училиште во непосредна близина.
Според „Телеграф“, кога бил донесен на „Стемфорд Бриџ“ во јануари 2021 година, клубот договорил Тухел да добие посебна работна виза, која им се дава на луѓе за кои се верува дека значително придонесуваат за нивото на фудбалот во Англија.
Сепак, поранешниот тренер на Пари Сен Жермен моментално има статус на невработен странец, што, според законите на Обединетото Кралство, значи дека му е дозволено да остане само 90 дена од датумот на неговото отпуштање. Другата опција е тој периодов да најде нова работа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













