Бугарскиот клуб ЦСКА Софија сака да го врати Доријан Бабунски во првенството на Бугарија по завршувањето на оваа сезона, откриваат медиумите кај нашиот источен сосед. Тој беше желба на раководството на клубот и оваа зима, но унгарскиот Дебрецен реагираше побрзо и успеа да го доведе во своите редови.
Доријан Бабунски имаше одлична полусезона во Бугарија во дресот на Ботев Враца, постигна десет гола и се прикажа како врвен реализатор. ЦСКА Софија би сакала да го има во својот тим, а наводно преговорите се одвиваат преку неговиот татко Бобан Бабунски кој во минатото исто така го носеше дресот на еден од најголемите бугарски клубови.
Доријан Бабунски одлично ја почна одисејата и во Дебрецен и беше стрелец на два гола на последниот натпревар против Пушкаш Академија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













