Connect with us

Црвена Звезда шокантно ја загуби Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Српскиот првак Црвена Звезда на шокантен начин не успеа да избори пласман во групите од Лигата на шампионите откако одигра 2-2 на стадионот „Рајко Митиќ“ против Макаби Хаифа. Пешиќ и Иваниќ донесоа предност од 2-0 за „црвено-белите“, а израелскиот тим намали во последните мигови од првиот дел преку Даниел Сундгрен. Во 90.минута, Милан Павков постигна несреќен автогол и го прекина сонот на Црвена Звезда за Лигата на шампионите.

Плзен го елиминира Карабах со триумф од 2-1 на домашен терен, а Бенфика и вторпат го победи Динамо Киев , овојпат со 3-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови