Германецот Томас Тухел е успешен тренер, но и голем човек. Француските медиуми открија неверојатна приказна. Тој и обезбедил нов дом на куќната помошничка и помогнал при лечењето на неговиот син. Не сакал никој да знае за оваа негова добрина, но информацијата ја споделила жената која потекнува од Филипините.
По пристигнувањето во ПСЖ во 2018 година, германскиот тренер ангажирал чистачка по потекло од Филипините за да ја чисти неговата куќа. По некое време, тој и неговата сопруга се зближиле со неа и дознаа дека таа работи напорно за да заработи пари за операцијата на нејзиниот син кој има проблеми со срцето.
Тухел веднаш одлучил да ја финансира операцијата и да помогне во лекувањето на детето. Потоа, пред да замине од Париз во декември 2020 година, тој одлучил да ја покаже човечката големина и со друг гест – и купил куќа на куќната помошничка на Филипините бидејќи знаел за нејзината желба еден ден да се врати во својата татковина.
Тухел во тренерската кариера работеше во Аугсбург, Мајнц, Борусија Дортмунд и во ПСЖ, а сега го предводи Челси, кој го презеде во јануари оваа година и веднаш ја освои Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal