Фудбалерите на Лајпциг остварија убедлив триумф (1-4) на гости против Бохум. Елиф Елмас доби околу половина час, а Агон Елези не беше во составот на Бохум.
Максимилијан Витек го доведе Бохум во водство во седмата минута, но брзо израмни Дани Олмо. Лоис Опенда во 68.минута се погрижи за пресврт, а три минути подоцна Ордец си постигна автогол. Конечниот епилог го постави Полсен.
Борусија Дортмунд славеше на гости против Унион Берлин со 0-2. Карим Адејеми го постигна првиот гол за „милионерите“, а Матсен го потврди триумфот во финишот на мечот.
Аугсгбург го декласира Дармштат на гости со 0-6, а Ајнтрахт Франкфурт го победи Хајденхајм со 1-2. Мајнц и Борусија Менхенгладбах одиграа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













