Баерн Минхен оствари триумф (2-3) на гостувањето против Аугсбург и се доближи на само еден бод негатива до лидерот Баер Леверкузен, кој подоцна ја пречекува Борусија Менхенгладбах.
Павловиќ и Дејвис донесоа водство од 0-2 за Баерн на полувремето, а во второто полувреме погоди Хари Кејн. Двоен стрелец за Аугсбург беше Демировиќ.
Лајпциг доживеа убедлив пораз (5-2) на гости против Штутгарт. Елиф Елмас влезе во игра во 77.минута, а тогаш неговиот тим веќе имаше голема негатива. Милот и Ундав од пенал го доведоа Штутгарт во водство, а намали Шешко.
Левелинг зголеми на 3-1, но повторно надеж за Лајпциг донесе Опенда. Сепак, до крајот Ундав постигна уште два гола и комплетираше хет-трик во дресот на Штутгарт.
Вердер го победи Фрајбург со 3-1, а Хофенхајм и Хајденхајм ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













