
Борнмут го победи Њукасл со 2-0 во 12. коло од Премиер – лигата со головите на Доминик Соланке. Тоа беше втор пораз за Њукасл оваа недела, откако тимот на Еди Хау беше поразен од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Навивачите на Њукасл беа незадоволни по нов пораз, па мораше да реагира капитенот Киеран Трипие.
Англискиот репрезентативец отворено се пресмета со еден од навивачите на трибините.
Навивачот жестоко ги критикуваше играчите, што стигна до Трипие. Не можеше да се воздржи.
„Колку повредени имаме?“, го праша Трипие навивачот неколку пати.
Фудбалерот на Њукасл алудира на тоа дека Ееди Хау не можеше да смета на дури десетмина играчи.
Поради повреди отсуствуваа Вилсон, Андерсон, Барнс, Ботман, Бурн, Исак, Менкил, Марфи и суспендираните Гимараеш поради картони и Тонали поради обложување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
