Александар Трајковски ќе го следи Илија Несторовски на излезната врата од Палермо, откако стана јасно дека сицилијанскиот клуб поради финансиски проблеми ќе остане без сите првотимци од ланската сезона. До македонскиот репрезентативец пристигнаа неколку понуди, а најинтересната е онаа од второлигашот Салернитана.
На чело на Салернитана минатата седмица застана поранешниот италијански селектор Џампјеро Вентура, кој најмногу инсистира на ангажманот на Македонецот од Палермо. Интересно, Трајковски го постигна единствениот гол за Македонија при ремито од 1-1 на гостувањето против Италија во Торино, меч на кој Вентура седеше на клупата на „аѕурите“.
„Вентура сака да го засили тимот, а веќе е остварен контакт со 26-годишниот Александар Трајковски. Тој може да игра како втор напаѓач или како плејмејкер. Вентура го сакаше и Илија Несторовски, но проблем беше платата на фудбалерот, што не е случај со Трајковски“ – пишуваат италијанските медиуми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













