Фудбалерите на Тотенхем доживеаја тежок пораз (0-4) на „Енфилд“ против Ливерпул во реванш натпреварот од полуфиналето на Карабао купот.
Иако имаа минимална предност од првиот натпревар, која им даваше солидна основа, играчите на Тотенхем беа декласирани во градот на Битлси. Овој резултат беше последица на неверојатната игра на Ливерпул и показател за целосната немоќ на „петлите“.
Статистиката само го потврдува тоа. Тотенхем немаше ниту еден удар во рамките на голот на Кувин Келехер. Хјонг-Мин Сон ја погоди гредата, но тоа не се брои во официјалната статистика, па така кај бројот на удари во рамките на голот на Ливерпул стои нула. Навивачите на Тотенхем ваквиот податок би можеле да го сметаат за срамен.
Ова никогаш не се случило откако Анге Постекоглу е на клупата. Тотенхем пристигна на „Енфилд“ со предност од еден гол, но истакна бело знаме уште на самиот почеток на натпреварот.
Токму ова може да му ја загрози работата на австралискиот менаџер. Атмосферата на новиот „Вајт Харт Лејн“ е веќе тензична. Се зборуваше дека раководството му дава поддршка и покрај лошите резултати, а двомечот со Ливерпул во Лига купот можел да биде клучен показател за иднината на тимот. Па, сега веројатно го добија одговорот.
Тотенхем моментално се наоѓа на 14. место во Премиер – лигата, а во последното коло против Брентфорд ја прекинаа серијата од четири последовни порази.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













