Connect with us

Тотенхем и Арсенал во трка за Кулушевски

Шведскиот интернационалец со македонско потекло, Дејан Кулушевски, најверојатно ќе го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок. Тој не успеа да се наметне кај тренерот Масимилијано Алегри кој му порача на раководството на клубот да се обиде да го продаде.

За крилниот фудбалер има интерес од Премиер – лигата, а Јувентус би бил задоволен и со отштета од 35 милиони евра, иако плати 5 милиони повеќе при трансферот од Парма.

Тотенхем и Арсенал се клубовите кои се заинтересирани за ангажман на Дејан Кулушевски. Антонио Конте ги знае неговите квалитети од Серија А, додека Микел Артета исто така сака да ангажира нов крилен фудбалер и да ја засили навалната линија на „топчиите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови