
Тотенхем со многу мака успеа да дојде до победа (2-1) на домашен терен против Лутон. Сега лондонскиот тим се израмни со Астон Вила со 56 бода во трката за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.
Лутон поведе во третата минута со голот на Тахит Чонг, а Тотенхем долго не успеваше да го пробие бедемот на гостите. Во 51.минута Каборе си постигна автогол откако сакаше да расчисти пред Тимо Вернер, а победничкиот гол за Тотенхем беше дело на Хјонг – Мин Сон во 86.минута од дуелот.
Челси одигра само 2-2 дома против Барнли, иако гостите играа со фудбалер помалку од 40.минута кога беше исклучен Лоренц Асињон.
Кол Палмер од пенал донесе предност за Челси во 44.минута, но Џош Кулен израмни на почетокот на вториот дел.
Повторно Палмер обезбеди водство за Челси со голот во 78.минута, но Дара О’Ши се погрижи за реми на „Стемфорд бриџ“.
Борнмут го победи Евертон со 2-1, а Шефилд Јунајтед и Фулам во голеада одиграа 3-3. Нотингем Форест и Кристал Палас ремизираа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
