Тотенхем ќе мора да се снаоѓа во нападот без Бразилецот Ришарлисон, кој ќе паузира околу четири недели откако го повреди коленото.
Менаџерот Ангелос Постекоглу, беше без неколку свои играчи во различни моменти оваа сезона, но се чини дека собра целосен тим по враќањето на Папе Сар, Ив Бисума и Хјонг-Мин Сон од обврските со нивните национални тимови минатиот месец.
Сепак, Ришарлисон заработи повреда при поразот од Вулверхемптон со 2-1, а Педро Поро исто така е надвор од теренот заедно со Фрејзер Фостер, Рајан Сесењон и Манор Соломон пред утрешниот домашен натпревар против Кристал Палас.
„Дестини Удоџи тренира, но на Педро веројатно му треба уште една недела“, објасни Постекоглу.
„Имаме и неколку други повреди. Ричарлисон ќе е надвор од теренот три до четири недели. Тој го повреди коленото на последниот натпревар, така што нема да игра некое време. Разочаран е бидејќи беше во добра форма. Ситуацијата на Сесењон е тешка, но ќе ја добие сета поддршка што му е потребна. Се надеваме дека ќе се врати посилен“, додаде менаџерот на Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













