Тони Крос е еден од најпрецизните фудбалери при додавањата и повторно го докажа во отворањето на ЕВРО 2024, во кое Германија ја победи Шкотска со 5-1.
Крос остана на теренот на „Алијанц Арена“ во Минхен до 80. минута и за тоа време изведе 102 додавања.
Од тие обиди, Кроос успеа да пронајде соиграч во 101 случај, што претставува прецизност од над 99%. Интересно е да се напомене дека многу од тие додавања биле кон напред, што е многу посложено во фудбалската игра.
Кроос стана првиот фудбалер, откако се води ваква статистика од 1980 година, кој постигнал толку висок процент на точни додавања со над 100 обиди во рамките на еден натпревар на Европско првенство.
По ЕВРО 2024, Тони Крос ќе ја заврши својата играчка кариера.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski