
Раководството на Баерн Минхен планира да направи квалитетна зимска селекција со која ќе го подигне нивото на тимот. Според „Билд“, Баварците сакаат да се засилат на три позиции – централен дефанзивец, десен бек и дефанзивен играч за врска. За оваа цел клубот е подготвен да инвестира до 75 милиони евра.
Главна трансферна цел на Баерн е Жоао Палиња. Португалецот на крајот од летниот преоден рок беше блиску до договор со германскиот гигант, но зделката пропадна. Сега Фулам е подготвен да го пушти играчот од средниот ред на „Алијанц Арена“ за околу 60 милиони евра. Фудбалерот е информиран за цената која му е одредена и се надева дека овој пат преговорите ќе завршат успешно.
Баерн не престана да ги следи настапите на Палиња, кој го продолжи договорот со Фулам до 2028 година. Во тековната сезона има 12 натпревари и два гола во сите натпреварувања.
Баварците се заинтересирани и за Такехиро Томијасу од Арсенал. Токму тој може да ја зголеми конкуренцијата на десната страна во одбраната. Во Минхен им се допаѓа способноста на 25-годишниот јапонски интернационалец да игра и како десен бек и во центарот на одбраната.
Што се однесува до Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, идејата на Баерн е да го ангажира следното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
