Еден од лидерите во Баерн Минхен, Томас Милер, го критикуваше тимот дека нема храброст да игра слободно, откако носителот на рекордни 32 титули во Бундес-лигата доживеа убедлив пораз од 0-3 од лидерот на табелата, Баер Леверкузен.
„Што ни недостасува? На тренинзите изгледаме многу подобро и со повеќе храброст бидејќи играме послободно“, изјави Милер за „Скај Германија“.
„Играме од точка А до Б, па потоа до Ц, без никаква слобода и никој навистина не ризикува. На овој меч изгледавме како да не сме ни дошле и затоа загубивме со 0-3“, додаде 34-годишниот фудбалер, кој сепак додаде, дека тренерот Томас Тухел не може да биде обвинет за слабите на тимот.
„На теренот има доволно играчи од висока класа, така што нема причина да се зборува за тренерот“, изјави Томас Милер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













