Connect with us

ТИМСКИ ДУХ: Од стадион, со велосипеди, отидоа во болница за да слават титула со оперираниот Феран Торес (ВИДЕО)

Прекрасна и емотивна сцена доаѓа од таборот на Барселона по освојувањето на титулата. Синоќа, Барса славеше со 0-2 на гостувањето кај Еспањол и официјално стана нов шампион на Шпанија. Но, по крајот на натпреварот, и покрај тензичната атмосфера и обидите на домашните навивачи да ја спречат прославата, четворица фудбалери на Барса покажаа вистински гест на човечност.

Дани Олмо, Ерик Гарсија, Педри и Ињиго Мартинес не се вратија со тимскиот автобус, туку изнајмија велосипеди и веднаш се упатија кон болница во Барселона. Причината? Посета на нивниот соиграч Феран Торес, кој итно беше опериран поради воспаление на слепо црево и не можеше да биде со тимот на големиот ден.

Педри, уште во соблекувалната, го повика Феран на видео-повик и му најави дека доаѓаат – не само да го поддржат, туку и да ја споделат радоста од титулата заедно.

Овој потег ги воодушеви навивачите и уште еднаш ја потврди сплотеноста и човечката страна на тимот на Барселона. Во време кога често доминираат инциденти и негативни приказни, ваквите гестови потсетуваат што значи вистинско другарство и тимски дух.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови