Четврт век Силекс чека да го врати трофејот од Купот на Македонија. Илчо Боров, Арсе Андовски, Кире Трајчев и останатите од славната шампионска генерација беа последните кои успеаја да го однесат во Кратово. Сега тимот на Силекс предводен од капитенот Ангелчо Тимовски има шанса да го повтори тој успех.
„Го респектираме противникот, Академија Пандев е квалитетен тим, но нир сме добро подготвени. Во финале не се доаѓа секоја година и сигурен сум дека сите фудбалери ќе го дадат максимумот во обид да победиме. Верувам дека ќе одиграме квалитетен натпревар, шансите се речиси подеднакви, па кој ќе покаже повеќе на теренот и ќе заслужи на крајот нека го крене пехарот“, вели капитенот на кратовци.
Финалната пресметка е закажана за 19 часот на Националната арена „Тодор Проески“, а главен судија ќе биде Александар Ставрев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













