Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, се надева дека ќе остане трајно во клубот. Тој моментално настапува како позајмен од бундеслигашот Лајпциг, но англискиот клуб има опција да ги откупи неговите права за 17 милиони евра.
Според информациите на „Скај Германија“, Вернер се чувствува одлично во Тотенхем и негова желба е и следната година да продолжи да го носи дресот на овој клуб. Лајпциг исто така се надева дека ќе биде постигнат договор и целосно ќе ги продаде правата на играчот на Тотенхем.
Сепак, конечната одлука за останувањето на Вернер ќе ја има менаџерот Анге Постекоглу. Тој ќе има уште неколку месеци да процени дали му се потребни услугите на Германецот понатаму или ќе бара други опции за време на летниот трансфер пазар.
Од доаѓањето во Тотенхем, 28-годишниот Вернер настапи на девет натпревари на кои постигна два гола и имаше две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













