Македонскиот прволигаш Тиквеш за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, но и за европскиот предизвик ќе биде посилен со четири нови играчи.

Дресот на кавадаречкиот клуб во новата сезона ќе го носат левиот бек Михаил Маневски, Ѓорѓи Ѓорѓиев кој игра на позицијата десно крило, а овие двајца играчи во пакет доаѓаат од штипска Брегалница.

Нов играч на ГФК Тиквеш е Давид Манасиевски, играч од средниот ред кој досега настапуваше во Силекс, додека на голманската позиција пристигна младиот Стефан Тасев од Вардар Неготино.

Тиквеш ги започна подготовките за новата сезона и за настапот во Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













