Connect with us

Тиквеш е шанса за Силекс да излезе од мини кризата

Три порази по ред има Силекс во Прва МФЛ, а сега излез од мини кризата ќе бара на дуелот против Тиквеш во Кратово. Кратовската екипа со серијата на лоши резултати падна на табелата, меѓутоа сега сака враќање на победничките патеки.

И покрај тоа што имаат три порази, велат дека атмосферата во тимот е одлична, и дека сите се подготвени да дадат максимум за да ги освојат трите бода од мечот против Тиквеш на домашен терен.

„На дуелот со Тиквеш одиме на три бода, сакаме да излеземе од мини кризата. Ќе се обидеме да го искористиме нашиот домашен терен и домашната публика за да се вратиме во вистинскиот колосек. Атмосферата во тимот е одлична, трите порази гледаме да ги ставиме на старана и максимално да се фокусираме кон мечот со Тиквеш. Се надевам дека ќе ги освоиме трите бода, затоа што овој меч многу ни значи и да ја подигнеме самодовербата во екипата. Имаме респект за тимот од Кавадарци, Тиквеш на чело со тренерот Мојсов игра добро, но ние имавме доволно време да го анализираме противникот и со тимска игра се надевам дека бодовите ќе останат во Кратово“, изјави Љупче Џеков, голманот на кратовскиот прволигаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови