
Поранешниот играч од средината на теренот на Ливерпул, Тиjаго Алкантара, донесе одлука да ја заврши кариерата на 33-годишна возраст. Во моментов сѐ уште нема официјално соопштение од Шпанецот, но се очекува да биде објавено до крајот на денешниот ден.
Поранешниот шпански репрезентативец беше една од големите ѕвезди на европскиот фудбал, но постојаните повреди му попречија да го искаже целосно својот потенцијал.
Во текот на последната сезона во Ливерпул, Тијаго одигра само неколку минути и ги пропушти сите важни натпревари на „црвените” на сите фронтови.
Играчот дојде на „Енфилд” од тимот на Баерн Минхен, а претходно ги бранеше боите на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal