Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, се врати на тренинзите со тимот непосредно пред пресметката со Арсенал во Лигата на шампионите.
Белгискиот чувар на мрежата тренираше заедно со останатите соиграчи, што е јасен знак дека целосно се опоравил од повредата и ќе биде на располагање за својот тренер за важниот натпревар.
Ова е одлична вест за Карло Анчелоти, кој пред мечот со Валенсија го загуби и Андриј Лунин поради повреда. Поради таа причина, на дуелот против „лилјаците“, тренерот на „кралевите“ му даде шанса на младиот Фран Гонзалес, кој сепак нема да го памети тој меч по добро – Реал загуби на домашен терен со 1-2.
Дани Себалјос исто така ги обнови тренинзите, но сè уште работи индивидуално, па неговото враќање на терените не е сигурно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













