
Македонскиот второлигаш Тетекс има ново раководство и нов тренер, односно тим – менаџер. Мирче Блажески е избран за нов претседател на ФК Тетекс, потпретседатели се големите имиња на македонскиот фудбал Стојмир Урошевиќ и Борче Мирчевски, додека Бојан Захариев ќе ја извршува функцијата тим менаџер и ќе биде задолжен за тренирање на првиот тим, како и за целиот спортски дел. Планирана е соработка со Ивица Јованоски, кој е предложен за координатор на младинските категории.
„Сакам да се заблагодарам на собранието на ФК Тетекс за довербата која ми укажа да застанам на чело на еден од најголемите македонски клубови, ФК Тетекс. Првата цел ќе ни биде клубот да го отвориме за сите спортски работници и за оние имиња кои нешто значат во фудбалско Тетово. Во изминатиот период клубот беше затворен, тешко можеше да се дознае што се случува и потесното раководство, но и јавноста немаше увид што се случува во клубот. Акцент ќе биде ставен на младинската школа која треба да се развива и да го врати стариот сјај“, изјави Мирче Блажески.
Бојан Захариев ќе биде тим – менаџер на тимот.
„Тетекс не е маалски клуб, баш напротив Тетекс е еден од најголемите клубови не само во Македонија, туку и пошироко во југословенски рамки и токму затоа ми е чест што ќе работам во овој клуб. Нема да ветуваме нешто што не можеме да го оствариме. Целта ќе биде развој на младинските категории, Тетекс повторно да произведува репрезентативци, кои воедно ќе бидат и носители на играта на клубот. Можност да се покажат и докажат ќе добијат сите големи таленти кои се во клубот. Ќе ги вратиме и оние играчи кои потекнуваат од Тетекс, а сега играат во други клубови. Ќе донесеме и млади репрезентативци кои ќе имаат можност да бидат видени од најголемите клубови и соодветно скаутирани“, изјави Бојан Захариев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
