Connect with us

Тешка повреда за Артуро Видал (ВИДЕО)

Натпреварот во квалификациите за пласман на Светското првенство меѓу Чиле и Колумбија заврши без голови, а го обележа повредата на ветеранот Артуро Видал.


36 – годишниот Видал се повреди на загревањето, но не се откажа, играше до 72.минута кога го повреди коленото. Со солзи во очите и на носилки беше изнесен од теренот.


Извесно е дека оваа повреда ќе го испрати во пензија.


Информациите од Чиле се дека Видал сериозно го повредил коленото, дополнителните прегледи ќе покажат дали го оштетил менискусот или ги скинал лигаментите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови