Тренерскиот тим на Барселона доби добри вести во врска со опоравувањето на голманот Марк-Андре тер Штеген. Германецот беше опериран на крајот на ноември минатата година поради болките во грбот кои го мачеа и се очекуваше да биде надвор од терените најмалку два месеци.
Сепак, 31-годишниот Тер Штеген закрепнува побрзо од првичните прогнози и веќе ги брои деновите до враќањето. Постои можност тој да биде целосно подготвен за настап до крајот на јануари, пишува шпанското издание „Релево“.
На Барселона во овој период и претстојат натпревари против Вилјареал (27.01), Осасуна (30.01), Алавес (4.02) и против Гранада (11.02) – сите пред првиот натпревар против Наполи во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Каталонскиот гигант ќе гостува во Италија на 21 февруари, а реваншот против Наполи го игра на 12 март во Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













