По недели шпекулации за можен трансфер, изгледа дека Тео Хернандез ќе остане во Милан. Директорот на клубот, Џорџо Фурлани, откри дека е постигнат сериозен напредок во преговорите за нов договор со францускиот репрезентативец.
Иако влезе во последната година од актуелниот договор, Хернандез очигледно е подготвен да го продолжи своето поглавје на „Сан Сиро“. Претходно се шпекулираше дека клубот би можел да го продаде поради незадоволителната сезона, но Милан и играчот сега се на иста бранова должина и работат на нова соработка.
„Блиску сме до договор. Разговорите напредуваат многу добро“, изјави Фурлани, најавувајќи позитивен развој.
Тео Хернандез, кој важи за еден од најдобрите леви бекови во светскиот фудбал, во Милан пристигна во 2019 година од Реал Мадрид и оттогаш стана незаменлив дел од тимот. Со потпишувањето на новиот договор, „росонерите“ испраќаат јасен сигнал дека клучните фигури остануваат во тимот и покрај турбулентната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













