Менаџерот Ерик тен Хаг призна дека има дефанзивни проблеми во пресрет на дерби пресметката на Манчестер Јунајтед со шампионот Манчестер Сити во недела.
Хари Мегваер им се придружи на Лук Шо, Лисандро Мартинез, Тајрел Маласија и Арон Ван-Бисака кои се повредени.
Софијан Амрабат се врати во составот на „црвените ѓаволи“ во средата и играше на левата страна од одбраната додека Диого Дало беше на позицијата десен бек.
Јунајтед потоа победи со 0-1 на гостувањето кај Нотингем Форест во ФА Купот.
„Мораме да ја склопиме сложувалката бидејќи сè уште ни недостасуваат бекови. Сѐ уште немаме централни дефанзивци. Мораме да бидеме креативни, но мислам дека можеме да го направиме тоа. Во средата покажавме дека можеме. Поважно е дека ако ја имаме таа страст и таа амбиција, желба и решителност да го добиеме натпреварот, тогаш сме способни да го направиме тоа“, изјави Тен Хаг во пресрет на утрешното гостување на „Итихад“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













