
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сè уште го гради својот тим и има помала длабочина во составот во споредба со своите ривали за позициите при врвот во Премиер – лигата. Ова го изјави менаџерот на тимот Ерик тен Хаг, како дел од анализата за оствареното во изминатиот период.
„Не сме единствениот тим кој минатата година имаше проблеми со повреди. Повредите сепак беа многу и беа концентрирани во одбраната. Во еден момент немавме кого да пуштиме на теренот“, изјави Тен Хаг.
„Кога пристигнав во Јунајтед, тимот немаше освоено трофеј шест години. Тоа се случи не затоа што претходните менаџери не беа добри, туку поради начинот на кој се гради тимот. Јас го знаев тоа од првиот ден на моето пристигнување, но тогаш имавме играчи на кои им остануваа години според договорите со Манчестер Јунајтед.
„Како тогаш, така и денес, ние сме во процес на градење на тимот. Ни недостига длабочина во ростерот и тоа е очигледно при споредбата со останатите водечки тимови во Премиер – лигата. Токму затоа повредите минатата сезона беа уште потешки“, истакна Ерик тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов проблем за Арсенал, се повреди Каи Хаверц

Интернационалци
Јован Манев потпиша за Ријека

Евро-фудбал
Анчелоти: Сезоната за Реал допрва почнува
