Connect with us

Тажен крај на бајката: Белоти не сака да го продолжи договорот со Торино

Претседателот на Торино, Урбано Каиро, призна дека Андреа Белоти не сака да потпише нов договор. Белоти веќе долго време го носи приматот најголемата ѕвезда на Торино, бидејќи во клубот е од 2015 година, а досега има постигнато 106 погодоци на вкупно 231 натпревари.

Сепак, неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а преговорите за негово обновување се чини дека се прекинати. „Тој го нема продолжено договорот и најверојатно не сака да го продолжи“, изјави Каиро. „Нашата понуда ги надмина нашите можности, но не можам да го натерам да направи ништо. Мислам дека тој не сака да потпише нов договор“.

27-годишниот напаѓач стигна до бројката од 12 погодоци во 39 натпревари за репрезентацијата Италија и веќе неколку години се очекува да премине во некој поголеми клуб. Познато, Милан се смета за еден од посериозните кадидати, бидејќи фудбалерот е истакнат поддржувач на „росонерите“, но тука се и Интер, Рома, Наполи, а се споменува и опцијата за преселба во друга лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови