
Само еден фудбалер оваа сезона во Премиер – лигата, ако не се сметаат голманите, ги одигра сите можни минути за својот клуб. Станува збор за Џејмс Тарковски од Евертон.
Англискиот стопер ги одигра сите 3.420 минути и со тоа постави рекорд во англиската Премиер лига.
Интересно е што не му е првпат да успее да направи вакво нешто. Во сезоната 2019/20, како играч на Барнли, а потоа и под водство на Шон Дајш, како и на крајот од оваа сезона ги одигра сите минути во една сезона, само тогаш вкупната минутажа беше нешто помала.
Тарковски во Евертон пристигна на почетокот на минатата сезона како слободен играч, а има договор до летото 2026 година. Претходно шест години играше за Барнли.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
