Фоларин Балоган го продолжи својот договор со Арсенал, потврди лондонскиот клуб преку официјалната веб-страница и профилот на Твитер.
Младиот напаѓач важи за еден од најталентираните играчи од школата на Арсенал а за неговата иднина се шпекулираше многу и тоа предизвикуваше голема загриженост кај навивачите. Тој дебитираше за првиот тим на “топџиите” оваа сезона, а веќе има постигнато и два погодоци во Лигата на Европа.
“Ние сме исклучително импресионирани од Балоган оваа сезона. Тој постојано ги покажува своите способности на тренинзите и се навистина импресионирани од неговата брза интеграција во првиот тим”, изјави Артета.
“Добивме добар увид во неговите перформансите благодарение на двата погодоци за првиот тим. Напорната работа започнува тука и сите по поддржуваме и со нетрпение очекуваме да работиме со него во следните години”.
🔐 @fbalogun67 is here to stay!
— Arsenal (@Arsenal) April 26, 2021
Our @ArsenalAcademy graduate has signed a new long-term contract with the club ✍️
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













