Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Тајрел Маласија, ќе се врати во тимот по повредата на коленото на почетокот на следната година, соопштија од клубот.
24-годишниот лев бек беше опериран пред сезоната, а потоа беше потребна дополнителна операција поради неодредени компликации.
Маласија допрва треба да игра во тековната сезона и Манчестер Јунајтед не објави конкретен датум за неговото очекувано враќање на терените.
„За жал, имаше компликации за време на неговото закрепнување за кои беше потребна дополнителна операција“, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.
„Тоа беше успешно спроведено и Маласија повторно работи напорно за да се врати на теренот на почетокот на следната година“, додаваат од клубот.
Тајрел Маласија минатата сезона му се приклучи на Манчестер Јунајтед од Феенорд за околу 13 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













