Капитенот на српската репрезентација Душан Тадиќ изјави дека селекцијата на Бразил заслужено победила со 2-0 во натпреварот од првото коло од групата Г на Светското првенство во Бразил.
„Беше тежок натпревар, на крајот тие заслужија да победат. Имавме моменти кога можевме да им се заканиме, ако ги искористевме подобро можеби и можеше мечот да тргне во друга насока. Можеше да биде подобро. Бразил е исклучително силен, а ние одиме на победа на секој натпревар“, изјави Тадиќ.
Во понеделник, во второто коло Србија ќе игра со Камерун и мора да победи. Камерунците на стартот загубија од Швајцарија со 1-0.
„Мораме да продолжиме понатаму. Имаме уште два важни натпревари и мораме да направиме се што можеме. Пред нас се многу квалитетни репрезентации, но не се на нивото на Бразил. Мора да се фокусираме и да одиме на победи“, истакна Тадиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal