
Британската компанија за спортски анализи и статистика „Опта“ не го дочека ниту ждребот за осминафиналето од Лигата на шампионите и веќе објави список со фаворити за освојување на трофејот. По завршувањето на плејофот и утврдувањето на 16-те тима што ќе се борат за титулата, суперкомпјутерот ја даде својата прогноза.
Иако Реал Мадрид го елиминираше Манчестер Сити со одлична игра на „Бернабеу“, „Опта“ не ги смета „кралевите“ за апсолутни фаворити.
Ливерпул е најголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите со 20,2% веројатност, следен од Арсенал (16,8%), Барселона (12,7%) и Интер (12,4%). Реал Мадрид е на петтото место со 10,5% шанси за трофејот, додека градскиот ривал Атлетико Мадрид е деветти со 3,8%. Пред тимот на Чоло Симеоне се тимови како Пари Сен Жермен, Баер Леверкузен и Баерн Минхен, чии проценти се движат меѓу 5% и 10%.
На дното на оваа листа се Астон Вила, Лил, Бенфика, ПСВ Ајндховен, Борусија Дортмунд, Клуб Бриж и Феенорд, со помалку од 1% шанси за триумф во елитното европско натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
