Трговскиот суд во Мадрид донесе забрана за Европската фудбалска организација (УЕФА) и за Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да ги казнуваат клубовите основачи на Суперлигата, проект за кој тие сметаат дека може да му нанесе голема штета на европскиот фудбал.
Со оваа одлука, судот во Мадрид ги спречи УЕФА и ФИФА да изрекуваат казни, пред Европскиот суд на правдата (ССЕУ) да донесе пресуда. Генералниот правобранител на Европскиот суд на правдата во декември пресуди дека УЕФА ги искористила своите права кога се заканила дека ќе ги санкционира клубовите од Суперлигата.
Во средината на октомври, челниците на Суперлигата лансираа нова компанија, „A22 Sport Management“, со цел да се отвори „дијалог“ за иднината на европскиот клупски фудбал.
Дванаесет клуба во април 2021 година се обидоа да ја основаат Суперлигата, но тој план пропадна експресно, по што англиските клубови се повлекоа и останаа единствено Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













