Connect with us

Судиска анализа на ФФМ: На Работнички не му е признат регуларен гол на мечот со Воска

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 26. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Силекс – ФК Гостивар одигран на 06.04.2024 година, анализирани се ситуациите од 4, 20 и 88 минута.

 Главен судија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Даниел Василевски и Дејан Димитријевиќ.

4. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично од голот на гостите, влезе во 16-сетникот и иницираше контакт со ногата на противнички играч, кој  со двете нозе стоеше на земја и не направи никакво движење со ногата, по тој контакт играчот на домакините падна. 

Исправна одлука на главниот судија, досуден идиректен слободен удар за гостинската екипа  и доделен жолт картон на играчот на домакините (симулација за пенал), поради изнудување на контакт со противнички играч за пенал.

20 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостиснаката екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа центрираше топка во 16-сетникот на домакините, при центаруштот топката удри противнички играч во раката, која му беше во природна положба, близу телото и спуштена.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на домашниот играч се наоѓаше во природна положба, спуштена, без зголемен волумен на телото.

88 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за гостински играч за спречување очигледна шанса за гол, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа малку странично од голот на гостинската екипа и надвор од 16-сетникот излезе сам пред голманот на гостите во очигледна шанса за гол, предпоследниот играч на гостите направи недозволен старт (со рака го повлече противничкиот играч) кој изгуби контрола и падна во 16-сетникот на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа поради спречување очигледна шанса за гол (влечење противнички играч кој излага сам пред голман).

На натпреварот ФК Тиквеш  ФК Брера Академија Пандеводигран на 07.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 35 минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.

35 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТСУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:1)

Центрирана топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до домашен играч кој со глава ја додаде до свој соиграч, соиграчот пред да ја прими топката беше на недозволен начин удрен во задниот дел од ногата од противнички играч (стартува да ја избие топката, меѓутоа не стигнува до топката и прави старт на ногата на противникот).

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа поради недозволен старт на домашен играч на ногата на противнички играч.

На натпреварот ФК Вардар – ФК Струга Трим Лум одигран на 06.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 23 минута. 

 Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии:Драган Трпчевски и Душко Панов.

23 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0) 

Играч на домашната екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа, паралелно со него се трчаше противнички играч и дојде до минимален контакт со телата по што двата играча паднаа, меѓутоа домашниот играч стана и повторно дојде во посед на топката, при што повторно дојде до минималнен контакт со ногата на друг противнички играч и домашниот играч повторно падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки и во двете ситуации контактите беа минимални и недоволни за пенал.

Главниот судија во обете ситуации беше одлично поставен, со јасна прегледност и имаше одлична проценка, поготово за втората ситуација за пенал. 

На натпреварот ФК Воска – ФК Работнички одигран на 07.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 72минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Климент Ристоски и Зоран Јанкуловски.

72 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За несигнализирано гол за гостинската екипа, топката со целиот свој обем ја помина гол линијата, при резултат 1:1)

Играч на гостинската екипа центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, топката дојде до негов соиграч кој со глава ја удри топката која се одби во гредата и  со целиот свој обем падна позади гол линијата и се одби во поле. 

Погрешна одлука на првиот помошен судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката со целиот свој обем се одби позади гол линијата на домашниот гол, голот требаше да биде признаен.

Во оваа ситуација првиот помошен судија не беше добро поставен, односно не беше на самата корнер линија каде би имал подобра прегледност.

На натпреварот ФК Брегалница – ФК Шкупи одигран на 07.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 28 минута.

Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Слаѓан Маркоски и Петар Новачев.

28 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За сигнализирано офсајд позиција и спречување ветувачка акција, каде после досудување офсајд домашната екипа постигнува гол, при резултат 1:0)

Играч на домашната екипа центрира топка странично во 16-сетникот на гостинската екипа, топката доаѓа до негов соиграч кој се наоѓа во ветувачка акција,главниот судија на сигнализација на вториот помошен судија досудува офсајд позиција и после свирката играчот шутира и постигнува гол.

Погрешна проценка на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција, бидејки во момент на додавање на топката од свој соиграч, играчот на домашната екипа се наоѓаше во дозволена позиција, беше досудено офсајд позиција и отпосле беше постигнат гол.

На натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Шкендија немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 23 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 23коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Караорман – ФК Тетекс одигран на 06.04.2024 година, анализирани се ситуациите од 77 и 90+2 минута.

 Главен судија: Никола Иванов. Помошни судии: Петар Степановски и Роберт Црвенов.

77 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:3)

Центрирана топка во 16- сетникот на гостинската екипа, играч на гостите пр стигна до топката и ја удри со гради, потоа играч на домашната екипа со закаснет старт сакајки да ја избие топката со нога го удри противничкиот играч во градите и направи прекршок.  

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, требаше да се досуди пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт на домашен играч над противнички играч (закаснет старт со нога на домашен играч во гради на противнички играч). 

Во оваа ситуација пред главниот судија е покриен од два играча и затоа не е во можност да ја види подобро ситуацијата. 

90+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:4) 

Играч на домакините по двојно проигрување со свој соиграч во 16-сетникот на гостинската екипа беше повлечен за рака од противнички играч и спречен во акцијата на недозволен начин.

Исправна проценка на главниот судија, досуден пенал за екипата на домакините поради недозволен старт (влечење за рака) на играч на гостите над противнички играч.

На натпреварот  ФК Скопје  ФК Пелистер одигран на 06.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 58 минута.

Главен судија: Фуркан Идризи. Помошни судии: Александар Ѓорѓески и Идриз Идризи.

58 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТСУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот ја шутна топката која патем не одеше  во оквир на голот и таа удри во рака (прилепена до тело и без зголемен волумен на раката од телото) на противнички играч. 

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката го удри играчот на гостите во рака која му беше прилепена до телото и без зголемен волумен на раката од телото.

На натпреварот  ФК Кожуф – ФК Башкими одигран на 06.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 73 минута.

Главен судија: Александар Урошевиќ. Помошни судии: Филип Николов и Бојан Ивановски.

73 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната  екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа, противнички играч сакајки да ја блокира топката, го спушти телото надолу и со рака (отворена шака) ја спречи топката и играчот во акцијата.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал поради недозволена игра со рака и неприродна положба на раката (отворена шака и зголемен волумен од тело).

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа,

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови