Connect with us

Судиите се некогаш многу важни: Холанѓанецот Дани Макели ќе го суди мечот Македонија – Косово

Eвропската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди судиите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово. Правдата ќе ја дели Дани Мекели од Холандија, а ќе му помагаат Марио Дикс и Хесел Сетестра. Четврти судија ќе биде Алард Линдхот, а во ВАР собата ќе седат Јохем Кампјус и Кевин Блом.

Овој натпревар е од огромна важност, победникот ќе се пласира во финалето на плејофот од Лигата на нации, на само една победа од пласман на Европско првенство. Подобриот од пресметката меѓу Македонија и Косово ќе игра финале против победникот од мечот Белорусија – Грузија.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови