
На натпреварот од седмото коло од регионалната бразилска лига меѓу неговиот Гремио и Авенида (2-0), Луис Суарез изведе слободен удар по кој гол постигна соиграчот Франко Кристалдо. Тоа се случи во момент кога ривалите се уште се расправаа со судијата на натпреварот.
Гостинските фудбалери потоа полудеа и го нападнаа судијата. Втор жолт картон му беше доделен на капитенот на Авенида, но останатите го опколија, поради што воена полиција влезе на терен.
Снимките од Бразил покажауваат како многу полицајци со штитови пристигнуваат на теренот, кои го бранат судијата од играчите на Авенида.
Гремио е на првото место во регионалната лига со максимални 21 бод. Суарез, поранешниот напаѓач на Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлеико, дојде во клубот на крајот на минатата година, откако го напушти уругвајскиот Насионал. Тој постигна седум од вкупно 14 гола на неговиот тим, а дебитираше со хет-трик.
Após o Grêmio fazer gol em cobrança rápida de falta, jogadores do Avenida se revoltaram e cercaram o árbitro Francisco Soares Dias.
— ge (@geglobo) February 12, 2023
Policiais entraram em campo para acabar com a confusão #ge pic.twitter.com/RuQnAGfZaA

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
