Connect with us

Струга Трим Лум сака дебитантски триумф во Европа и пласман понатаму

Дебитантот на европската сцена, тимот на Струга Трим Лум, денеска (17 часот) на комплексот на ФФМ во Скопје ја пречекува летонска Лиепаја на реванш меч од првото коло во Конференциската лига на УЕФА. Стружани избегнаа пораз на првиот дуел во Летонија, па Срѓан Захариевски вели дека неговиот тим сега има уште 90 минути да го демонстрира квалитетот и да се обиде да обезбеди пласман во следната рунда.


„Првата рунда од битката против тимот на Лиепаја заврши 1-1 и ремито веројатно е и вистинска слика за она што се случуваше на мечот во Летонија. Шансите се пласман понатаму сега се подеднакви и практично ова е комплетно отворен двомеч, се че зависи од денешната игра. Лиепаја е многу квалитетен тим, но според играта што ја прикажавме таму, особено во второто полувреме, како и активниот резултат што го имаме, се надевам дека ќе успееме да го елиминираме противникот. Голот во гости веќе не е предност, така што почнуваме од 0-0“, вели Срѓан Захариевски.

Играчот за врска Бесмир Бојку се надева дека Струга Трим Лум ќе ја оствари првата историска победа на меѓународна сцена.

„Мислам дека шансите на овој реванш натпревар сега се 50 – 50, иако пред првиот меч во Летонија ни даваа малку шанси за да го елиминираме противникот. Сепак, на терен сè е поинаку. Можам да кажам дека сите сме оптимисти и верувам дека можеме да стигнеме до триумф кој би не одвел во следната рунда од ова европско натпреварување“, истакнува Бесмир Бојку.

Натпреварот помеѓу Струга Трим Лум и Лиепаја ќе се одигра на комплексот на ФФМ со почеток во 17 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови