
Новиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум го доведе првото прволигашко засилување. Нов член на струшкиот тим е Христијан Кировским, искусниот напаѓач кој доаѓа од составот на Македонија ЃП.
Тој имаше одлична сезона во дресот на „лавовите“, беше најдобар стрелец на Македонија ЃП и даде голем придонес за тимот да избори пласман во Лигата на Европа, а потоа не се договори за продолжување на соработката.
Раководството на Струга Трим Лум тоа го искористи и го доведе голгетерот во својот ростер како адут за прволигашките искушенија.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement