Актуелниот првак Струга Трим Лум ги заокружи подготовките во Анталија и се врати во Македонија каде ќе ја мине последната фаза пред стартот на вториот дел од сезоната. Тренерот Шпетим Дуро им даде два дена одмор на фудбалерите, а тие од денеска се враќаат на тренинзи и ќе работат на воигрување и на усовршување на деталите.
Струга ТЛ победи на првиот пријателски натпревар против Караорман, а во Турција ремизираше против Арка Гдиња и доживеа порази од Оренбург и од ЛКС Лоѓ.
Стружани вториот дел од шампионатот го стартуваат со гостување кај Работнички во Скопје (18 февруари), а на 10 февруари ќе го имаат последниот тест против Тиквеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













