Македонскиот првак Струга Трим Лум го победи Пјуник со 2-1 во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Стружани со еден гол позитива ќе патуваат на реваншот во Ерменија.
Струга ТЛ дојде во водство со голот од пенал на Бесарт Ибраими во осмата минута. Најзаслужен за пеналот беше Ланре Кехинде кој го изнуди прекршокот во противничкиот шеснаесетник.
Пјуник израмни исто така од пенал. Кехинде удри со лакот противнички фудбалер, а Лукас Вилјела го реализираше ударот од 11 метри во 23.минута.
Во 60.минута Пјуник остана со фудбалер помалку откако исклучен беше Серхиј Вакуленко, а Струга ТЛ тоа го материјализираше со голот на Стефан Спировски во 73.минута. Играчот за врска постигна фантастичен гол со удар од далечина, а стружани пропуштија уште две одлични шанси за да обезбедат и поубедлива предност пред реваншот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













