Пјуник не е Слован Братислава. Далеку од тоа дека не е квалитетен тим, но сигурно и дека не е непобедлив.
Македонскиот шампион Струга Трим Лум денеска (17 часот) на „Билјанини извори“ во Охрид во меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига го пречекува ерменскиот Пјуник. Желбата секако е триумф, и убава залиха пред реваншот во Ерменија.
Тренерот Ќатип Османи истакна дека Пјуник е добро анализиран, но фудбалерите ќе мора неговата анализа да ја претворат во добра игра и во победа на теренот.
„Пјуник е квалитетен тим, играат цврсто во одбрана и преку контранапади се обидуваат да зададат удар. Ги анализиравме добро и верувам дека можеме да стигнеме до триумф. Сигурно имаме квалитет за тоа“, изјави Ќатип Османи.
Не се очекуваат поголеми промени во составот на Струга ТЛ во однос на натпреварите против Слован Братислава. Стружани ги загубија двата меча од словачкиот шампион, и во Братислава (4-2) и во Охрид (1-2).
Но, Пјуник не е Слован…Редно е Струга ТЛ да победи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













