
Македонскиот првак Струга Трим Лум сака да направи уште еден значаен исчекор во Европа, а крајната цел е да стигне до групната фаза од Конференциската лига. Сепак, дотаму ќе треба да мине уште две пречки, а првата е Есперанж, клубот од Луксембург, кој е ривал на стружани во третото квалификациско коло.
Првиот дуел е закажан за денеска, со почеток во 17 часот, на комплексот на ФФМ.
Тренерот Шпетим Дуро вели дека тимот е подготвен за надигрување и максимално мотивиран за ново добро издание.
„Европските натпревари секогаш носат дополнителен мотив, тоа е јасно. Јас се сомневав како ќе го одигра мечот со Гостивар после европските настапи, но и тука фудбалерите ја „положија“ работата. Сега нѐ очекува нов предизвик, играме против Есперанж, тим од Луксембург кој е анализиран и дефинитивно поседува квалитет. Не сме ние во позиција никого да потценуваме, ние сме млада екипа која сега гради историја во европските натпреварувања и се надевам дека можеме да оствариме уште еден успех. Но, нема да биде лесно, затоа што Есперанж е навистина тим за респект“, изјави Шпетим Дуро.
Тој не планира промени во тимот од составот кој успеа да го совлада двапати и го елиминира црногорскиот првак Будуќност.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
