
Струга Трим Лум е стар-нов шампион и денеска со своите фанови ќе ја слави титулата на дербито против Шкупи, тимот со кој водеше жестока битка во најголемиот дел од шампионатот. На крајот, стружани потврдија дека се најдобриот тим, а на Шкупи му останува дека сепак може да дојде до второто место, иако е во незавидна позиција во однос на Шкендија.
Второто место оваа сезона носи излез во Европа, но не и третото, па така еден од нив, Шкупи или Шкендија, ќе остане со празни раце.
Шкендија има два бода предност пред Шкупи и денеска му гостува на Работнички на Националната арена „Тодор Проески“. Тимот на Јетон Беќири до минатото коло имаше шампионска позиција, но го загуби дербито против Струга ТЛ (0-2) во Тетово и ја загуби добитната позиција за титулата.
Останатите натпревари од последното 33.коло се безмалку ревијални, односно ќе се играат за пласман на табелата. Ако првите три екипи се далеку напред, тогаш позициите од четвртото, па до деветтото место ќе се решаваат токму според резултатите од последното коло.
Вардар дефинитивно е десеттопласиран и ќе игра бараж против Детонит Плачковица за опстанок во елитата, а од Првата лига денеска испаѓаат Македонија ЃП и Брегалница. Тие можат да се борат единствено за избегнување на последното место.
Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ го пречекува Тиквеш, Брера во Турново ќе биде домаќин на Македонија ЃП, а Брегалница во Штип ќе се сретне со Силекс.
Воска Спорт во Охрид ќе игра против Гостивар.
Сите натпревари од последното 33.коло во Првата лига се играат со почеток во 17 часот.
ПРВА ЛИГА, 33.КОЛО (денеска, 17 часот)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
