
Беласица оствари значаен триумф (3-1) над Кит Го во еден од дерби натпреварите од третото коло во Втората лига Исток. Тренерот Александар Стојанов е задоволен што тимот успеа да се врати по примениот гол. На крајот, оствари и сигурна победа.
„Беласица покажа карактер, честитки на играчите, покажаа срце и од 0-1 се вративме, доминиравме цело време, покажавме поголема подготвеност и само прашање на време беше кога ќе се постигне тој втор гол. Честитки на гостите на коректната игра, оваа победа ја оставаме зад нас и се насочуваме кон следните предизвици“, изјави Александар Стојанов.
Во следното коло, Беласица ќе оди на гости кај Кожуф во Гевгелија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
