
Глазгов Ренџерс официјално го отпушти менаџерот на тимот Расел Мартин и неговиот стручен штаб, со образложение дека „резултатите не ги исполнуваат очекувањата“. Англичанецот го водеше шкотскиот гигант на 17 натпревари, а од почетокот на сезоната има само една победа.
По вчерашното реми со Фалкирк, во кое Бојан Миовски го даде единствениот гол за тимот при конечни 1-1, полицијата мораше да го извлече Мартин од стадионот за да го заштити од гневот на навивачите на Ренџерс. Тимот моментално се наоѓа на осмата позиција, со заостанување од 11 бодови зад лидерот Хартс.
Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, е фаворит кај обложувалниците за враќање на „Ајброкс“. Поранешниот фантастичен играч за врска го презеде Ренџерс во летото 2018 година и помина три сезони во клубот, при што ја освои титулата во сезоната 2020/21. Тој си замина во ноември 2021 за да ја преземе Астон Вила, но беше отпуштен од клубот од Бирмингам помалку од една година по неговото назначување.
Дани Рол, Шон Дајш и Грем Потер исто така се споменуваат како можни кандидати за менаџерската функција во Ренџерс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
