Connect with us

Стерлинг дал зелено светло за трансфер во Барселона

Рахим Стерлинг прифатил трансфер во Барселона и сака да ја продолжи својата богата кариера на “Камп Ноу”. Напаѓачот не сака да го продолжи договорот со Манчестер Сити и е многу заинтересиран за промена на средината, односно за заминување од Англија, тврди “Мундо Депортиво”.

Планот на “Каталонците” е да го доведат напаѓачот на позајмица во јануари со задолжителна опција за откуп на крајот на сезоната.

По доста импресивните партии за време на Европското првенство, Стерлинг има забележано само еден погодок оваа сезона во Премиер – лигата на седум настапи во дресот на “граѓаните”. Но, 26-годишниот играч започна само два натпревари од првата минута.

Во својата кариера за тимот од стадионот “Етихад”, Стерлинг има постигнато вкупно 115 погодоци и запишано околу 80 асистенции на 302 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови