
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година во март ќе одигра два пријателски натпревари против Белорусија и против Азербејџан во Анталија.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 17. до 26. март патува во Анталија, Турција на подготовки со новиот селектор Горан Станиќ.
Во турското летувалиште, избраниците на кои ќе смета новиот предвводник на селекцијата ќе одиграат два контролни натпревари, првиот со Белорусија, а потоа против Азербејџан.
„Ќе го искористиме првиот наш заеднички собир за да ги запознаеме добро фудбалерите со методите на работа, како и тоа што ќе се бара од нив, како на тренинзите, така и на самите натпревари.
Повикани се фудбалери од нашето првенство кои имаат најголема минутажа во своите клубови. Имаме повикани и неколку играчи од странство за кои сметаме дека може да го подигнат квалитетот на нашата репрезентација. Одредени фудбалери кои не се повикани на овој собир, а се потенцијални репрезентативни кандидати, ќе добијат можност на следниот собир кон крајот на мај.
Очекувам дека идеите што ги имаме ние како стручен штаб ќе успеат самите фудбалери брзо да ги разберат и ефикасно да ги спроведат на теренот. Ке се потрудиме максимално подготвено да ги дочекаме квалификациите за пласман на ЕП кој ќе стартуваат во септември.
Во рамки на овие подготовки ќе одиграме два натпревари против Белорусија и Азербејџан. На двата меча фокусот ќе биде ставен на нашата игра. Се надевам дека сите тактички замисли што ќе ги работиме во текот на подготовките да бидат спроведени на теренот“.
Квалификациите за пласман на ЕП 2027 година во Албанија и Србија ги започнуваме на почетокот на септември. Во првото коло играме против Полска на гости. Во второто коло, на домашен терен ја пречекуваме силната репрезентација на Италија.
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, ќе биде на 16. март, во хотел Парк, Скопје во 18 и 30 часот.
Со Белорусија ќе се соочиме на 21. март со почеток од 14 часот, а четири дена подоцна, на 25. март ќе играме против Азербејџан во 18 часот.
Селекторот Горан Станиќ за подготовките и контролните натпревари во Турција се одлучи да ги повика следните фудбалери:


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации
